Новата студена војна на агендата на заседание на ММФ и СБ
Пролетното зaседание на Бордот гувернери на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка почнува денеска во Вашингтон каде ќе се расправа за опасностите од протекционизам, геополитички тензии, Сирија, социјални мрежи и бројни други прашања што предизвикуваат загриженост во светот.
Гувернери на централни банки, министери за финансии и развој, парламентарци и директори на приватни компании на Годишното собрание на двете меѓународни финансиски институции ќе разговараат и за изгледите на светската економја, начелата за искоренување сиромаштија, економски развој и ефикасност во давање помош за оделни држави.
Заседанието на ММФ и СБ се одржува три месеци по говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос кога имаше помалку вести од глобалната економија што ја загрижуваа светската елита. На агендата на пролетното заседание се прашања како што се тензиите на Блискиот исток и можноста за нова студена војна меѓу западот и Русија, како и можноста за брзо подигнување на каматните стапки во државите за да се сузбијат инфлаторните притисоци.
Директорката на ММФ Кристин Лагард потсетува дека во јануари е ревидирана нивната прогноза за светскиот економски раст на 3,9 отсто за 2018 и 2019 година и врз основа на таа проекција што ќе биде објавена идната недела ќе може да се заклучи дали таа институција останува оптимистичка по прашање за глобалната економија.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција