Македонија
3. November 2017 - 16:31

Новата стратегија за реформа во правосудството наскоро на усвојување во Владата

Новата стратегија  за реформите во правосудството наскоро ке се најде на усвојување пред Владата , а веднаш потоа ке започне изготвување на законите во оваа сфера, вели министерот за правда Билен Саљији.

Законот за  академијата за обука на судии и јавни обвинители  еден од приоритетните, бидејќи според министерот токму тука се детектирани голем број недостатоци.

Со измените,  Академијата  во иднина би требало подобро да  функционира, вели министерот.

Сите измени, па о ние за начинот на кој во иднина ке се избираат судиите, ке се усогласи сои Европската Комисија, истакнува Саљији, коментирајки го предлогот  според кој  судиите  во иднина би се избирале и  од редот на истакнати правници , професори и адвокати, а не како досега само  преку  Академијата за судии и јавни обвинител

Директорката на академијата Анета Арнаудовска  пак  се пофали дека во сите извешетаи на Греко и Еу академијата добила највиоски оцени а својата работа.

Што се однесува до предлозите и најавите дека ке има генерален реизбор на судиите, министерот Саљији  вели дека судиите треба индивидулано да сносат одгворност, како што и е препрачано во експертскиот извештај на Прибе.