Македонија
9. February 2020 - 16:32

Новата методологија нуди можност за почнување на процесот на преговори за Македонија

Членство во НАТО и ЕУ се постигнува само со политика на единство, порача известувачот за  Македонија во европскиот парламент, Илхан Ќучук . Бугарскиот европратеник очекува од  макадонските политичари на изборите да излезат со ангажира политичка платформа и  цврсто да застанат зад стратрешките приоритети на земјава.

Без разлика на резултатите од изборите, мора да се најде национален консензус за водењето на државата. Претстојат тешки реформи и затоа е многу важно да има место и за владејачкото мнозинство и за партиите кои ќе бидат во опозиција. Македонија доби многу од тоа што не ги бојкотираше процесите, бидејќи гледате дека во соседните земји каде што има бојкот демократските процеси одат наназад, изјави Ќучук

Со сличен став е и европратеничката Тања Фајон. Според неа Македонија е светол пример во регионот , кој покажува знаци на назадување во демократските процеси.

Европратеникот Тонино Пицула  очекува ЕУ наскоро да ја исправи неправедната одлука за Македонија од октомври и да даде зелено светло за почеток на прегвоорите. Внатрешните реформи во ЕУ ипроширувањето се процеси кои можат да се водат пралелно,вели хрватскиот европратеник.

Европските пратеници денеска беа гости на регионалната конефернцијаа Еден Балкан кон ЕУ која деенска се одржа во Скопје.