Македонија
25. February 2020 - 16:32

Новата методологија на маса пред министрите за надворешни на ЕУ

На маса денеска во Брисел е новата методологија, но и подготовките за извештајот за  Македонија и Албанија кој треба да биде објавен на почетокот на следниот месец. Еврокомесарот Вархеји на  министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата им го претстави  ревидираниот начин на преговарање за земјите кандидатки. Првата реакција стигна од холандскиот министер  Стеф Блок. Тој по состанокот  констатираше дека се уште нема зелено светло за Албанија и Македонија,  Според него Скопје ги има исполнето условите за старт на преговорите, но не и Тирана.

За разлика од него германскиот министер за Европа  Михаел Рот  излезе со став дека новата методологија треба да ја отклучи вратат за Македонија и Албанија . Деенска тој на твиитер од порача дека двете балкански  земји  покажаа дека се подгтовени да ги поминат сите реформи кои се бараат од нив и го заслужуваат датумот. Позитивни очекувања на состанокот можеа да се слушнат и од другите учесници на соевтот.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека доколку во март извештајот биде позтивен , тој ќе го поддржи стартот на преговорите за двете балкански земји.