Свет
17. May 2018 - 17:54

Новата италијанска Влада нема да ја продава Алиталија

 Во коалицискиот договор на италијанските партии Лигата и Движењето пет ѕвезди, кој беше постигнат денеска, е предвидено да биде стопирана постапката за приватизација на авиокомпанијата Алиталија.

Претходната социјал-демократска Влада на Италија отпочна постапка за продажба на националниот авиопревозник, но по изборите во март, на кои популистичките партии освоија најмногу гласови, постапката беше стопирана. Како дел од коалицискиот договор, предвидено е Алиталија да биде рестартирана, како конкурентен национален авиопревозник. Одлуката денеска ја претстави Клаудио Борџи, еден од водечките економисти на Лига