Бизнис
22. May 2018 - 16:25

Новата гувернерка го започна седумгодишниот мандат

Со многу емоции, Богов замина, Бежоска седна во гувернерската фотелја. Првата жена гувернер во макеоднската историја и нејзиниот најблизок соработник во изминатите 7 години го испија заедно последното кафе во НБРМ.

Бежоска најави континуитет во работењето на централната банка. Ќе продолжи таму каде што Богов застана.

Богов ја остава НБРМ на здрави основи. Во изминатите 7 години инфлацијата била ниска, во просек изнесувала 1,5%, денарот стабилен, довербата во него зајаканта, каматата најниска во историјата, банките здрави и подготвени да дадат поддршка на стопанството, а девзините резерви на солидно ниво. Сите цели соглсно закон се остварени во услови на два шока, грчката економска криза и домашната политичка. Втората Богов ќе ја памети како најтешка во кариерата.

Бежоска беше избрана вчера едногласно, со поддршка од сите параламентарни партии, а утрово положи заклетва во Собранието. Таа има богато работно искуство во Министертсвто за Финансии, ММФ во Вашингтон и НБРМ каде во изминатите 8 години беше вицегуврнер.