Македонија
7. August 2019 - 17:07

Новата грчка влада преку посебно тело ќе ја следи имплементацијата на Преспанскиот договор

Паралелно со грчката комисија која ќе ги чешла училишните книги, грчката влада формирала уште работно тело, овој пат интерно. Неговата задача е да го следи спроведувањето на Преспанскиот договор. Дека договорот е под лупа на грчката влада, откри алтернативниот министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис, но не прецизираше дали имплеметирањето на договорот се однесува на  грчка или македонска страна. Не е познато ниту дали и до какви сознанија стигнала комисијата.

Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи спроведувањето на овој договор.

Засега не се знае ни дали македонската влада е известена за тоа до какви наоди стигнала грчката комисија. Ниту пак дали македонската страна има вакво тело. Побаравме одговори од МНР и Влада, но не добивме.

Преспанскиот договор не предвидува формирање на комисија со цел следење на неговата имплементација. Член 8 од договорот вели дека  Во рок од еден месец од потпишувањето на оваа спогодба, Страните преку размена на дипломатски ноти, на рамноправна основа, ќе формираат Заеднички интередисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, којшто ќе го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.