Живот
22. September 2018 - 21:53

Новата гордост на чилеанската армија не се ниту тенковите, ниту бомбардерите: Тие го украдоа шоуто на воената парада во Сантијаго

Воените паради ширум светот обично  служат земјата организатор да се пофали со својата воена моќ и да испратат порака дека со неа не е „паметно да се караат“, но во прв план на оваа парада во Чиле беше нешто сосема друго.

Наместо моќното вооружување, модерната техника и до перфекција истеренираните воени единции, на чилеанската воена парада шоуто го украдоа 9-те млади кученца од расата златен ретривер.

Станува збор за новите регрути на единицата за обука на кучиња кои на раце ги носе припаднички на оваа единица продефилираа пред возрасните и пред веќе истренираните кучиња.

Кученцата стари само 45 дена беа вистински хит на годинешната воена парада во Сантијаго која е одржана во чест на 208 година од чилеанската независност.

 
На парадата продефилираа над 9.500 учесници, а ја следа милиони луѓе ширум земјата.
 

Единицата за обука на кучиња инаку првпат учествуваше на парада во 2008 година.