Бизнис
29. November 2021 - 16:39

Новата еколошка мерка нов удар врз буџетот на граѓаните, од среда кесите ќе се наплаќаат по 15 денари

Од среба ќе настане хаос во маркетите, предупредуваат производителите на пластични кеси. Велат дека законот со кој кесите ќе се наплатуваат по 15 денари за нив ќе значи смрт. Ќе отпуштат околу 60% од работниците. Затоа бараат одлагање на примената на законот на 5 до 7 години за да имаат време да се подготват. Сега им биле оставени само три месеци за прилагодување.

Произвoдителите велат дека во периодот од 5 до 7 години и Министерството за животна средина ќе има време да го преработи законот кој сега е полн со недоречености. Имено, според она што го знаат произвдителите, ќе се наплатуваат само кесите во маркетите, односно каде што се пакуваат производи за секојдневна употреба, но не и во продавниците за облека, книжарниците и останатите трговци.

Од Министертсвто за животна средина велат дека законот ќе се применува од среда, како што беше планирано. Парите што се ќе собираат од пластичните кеси ќе одат во посебен фонд за животна средина.