Балкан
3. November 2016 - 18:05

Новата црногорска Влада се очекува до 15 ноември

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) и утврдениот мандатар Душко Марковиќ го завршија првиот круг разговори со партиите на малцинствата и со социјалдемократите за формирање на новиот владин кабинет, пренесе Танјуг.

Повикувајќи се на извори од ДПС, црногорските медиуми јавуваат дека владата може да се состави до 15 ноември.

Досега се водени само принципиелни разговори за поделба на ресорите, а поконкретен договор за распределба на улогите во извршната власт ќе се објави откако на 7 ноември ќе се формира новиот Парламент и претседателот Филип Вујановиќ и официјално на Марковиќ ќе му го врачи мандатот за формирање на владата, пишува весникот „Побједа“.