Македонија
9. August 2018 - 19:28

Новата акциза ги налути граѓаните, велат државата најде лесен начин за полнење на буџетот

Ракијата ја разбранува јавноста. Новата акциза која ја воведува МФ од 30 денари на литар ракија произведена во домашни услови предизвика лавина коментари. Граѓаните прашуваат зошто се воведува давачка за ракија, а не се бара од винариите навреме да го плаќаат грозјето кое е и така со ниска цена. Дел од јавноста коментира дека ова е мерка која има за цечл да ги штити големите произвдители кои ракијата ја продаваат со цена на виски, а има и такви кои сметаат дека државата го нашла најлесниот начин за полнење на буџетот.

Ослободени од акциза се домаќинствата кои произведуваат за сопствена употреба, а тоа не смее да биде над 100 литри годишно.  За секој литар над оваа количина ќе треба да платат 30 денари на државата. Новиот предлог закон предвидува во домашни услови да може да се произведат максимум 1000 литри ракија. Предлагачот појаснува дека  закнот е во согалсност со европските стандарди.