Македонија
25. September 2019 - 19:49

Новачевски: Дончев има пет дена да ми се извини, во спрoтивно следува тужба

Ристо Новачевски му се заканува на Директорот на Фондот за здравтсвено осугурување оти ќе го тужи ако за пет дена не изнесе докази за криминални активности во однос на фирмата „Дијамед“, кој Ден Дончев јавно на прес-конференција ги изнесе против него. Новачевски тврди оти сите обвинувања се лаги и небулози.

-Лага е тврдењето на Ден Дончев дека мене од 2014 до 2017 година ми биле исплатени 10.000.000 денари во плати, 17.000.000 денари како разни надоместоци, 9.000.000 денари во  готовински исплати и 12.000.000 денари сум подигнал од банкомат. Вистината е дека од 2014-2017 ми се исплатени вкупно 17,503.090ден. по основ на плати и бонуси за успешно работење. Лага е тврдењето дека г-ѓата Вера Иванова не е вистинскиот сопственик на Дијамед- Македонија и на фирмите ко-сопственици.  Лага е тврдењето на Ден Дончев дека истиот ден кога биле исплатени средствата на сметката, јас сум отворил сметка во истата банка, се наведува во соопштението.

Во демантот што Новачевски, кумот на Никола Груевски, го испрати до медиумите, се поставуваат и низа прашања до Дончев, како „зошто откако „им укажал“ на инвеститорите од шведскиот магнат „Диаверум“ дека се работело за наводно криминален тендер и сомнителна фирма која го добила, Дончев не го поништил таквиот тендер, а и зошто не е поднесена тужба пред судот во Париз?

-Наместо тоа, г-дине Дончев, Вие предвремено исплативте 4 или 5 фактури во износ од околу 3.000.000 (три милиони) евра на, според вашите лажни изјави „криминалната“ фирма „Дијамед- Македонија” и со тоа, ако лагите ви беа вистинити, сте го оштетиле буџетот  на Република Македонија. И тоа во време кога Ви протестираа специјализанти и доктори за нереализирани ветувања и повисоки плати. Тогаш кога мајки ви плачеа за пари за лекување на своите деца во странство, кога се бараа повеќе финансии за луѓето со ретки болести, Вие предвремено исплатувавте фактури на компанија за која сте лажеле странски инвеститори дека е сомнителна и сте најавувале истраги за истата, наведува Новачевски.

Демантот следи откако Ден Дончев на прес-конференција го обвини Новачевски за криминално постапување, а откако претходната сопственичка на „Дејамед“ поднесе кривична пријава против Директорот на ФЗО и против министерот Филипче, за злоупотреба на службената положба.  Дончев, како во улога на обвинител, јавно говореше за сопственичката структура на фирмата, како и за тоа кој кога подигнувал пари од банкарски сметки.

Ова е само продолжение на аферата што веќе го доби називот „Рекет 2“, а која беше објавена минатата недела. Министерот Филипче, за обвинувањата оти заедно со Дончев ја злоупотребил службената положба, ја оштетиле Вера Иванова, скопјанката која ги тужи, ама „го скратиле“ и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во земјава, изгледа реши да се брани „со молчење“. Па засега не излезе јавно да проговори за кривичната пријава и за скандалот „Рекет 2“.