Свет
5. January 2020 - 9:21

Нова жртва во пожарите во Австралија

Маж го загуби животот во Австралија помагајќи му на пријател да се заштити имот од пожарите во град југоисточно од Канбера, соопштија властите. Со тоа, бројот на жртви во пожарите во таа држава е 24.

Се стравува дека стотици недвижен имот се уништени во пожарите кои беснеат на југоисток во Австралија.

Пожарите ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија. Изгорени се повеќе од 5 милиони хектари земја.

Екстремни температури беа регистрирани вчера во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Во делови од Сиднеј се регистрирани  48 степени Целзиусови и 80 км/ч ветрови.

Сњ уште не е познато колкава штета се случила во текот на ноќта, но властите проценуваат дека се уништени неколку стотици имоти. Дел од Нов Јужен Велс е се уште без струја и таму горат околу 170 пожари. Двајца од нив се исклучително опасни.

Премиерката на Нов Јужен Велс рече дека пожарите биле „без преседан“ во однос на времето, брзината, големината и штетата.

– Не можеме да се преправаме дека тоа е нешто што сме го доживеале порано. Не, изјави таа денеска.

Властите во Викторија продолжуваат да вршат масовни евакуации со помош на војската. Во таа држава активни се околу педесет пожари, од кои шест се опасни.

Постудено време и слаб дожд денеска се очекува да го ублажат пожарот во Викторија, каде моментно горат околу еден милион хектари земја. Потврдено е дека таму се запалени 110 имоти оваа недела.