-->
-->
Нова временска прогноза
-->
Сахарската прашина и песок како и високата влажност во воздухот условуваат биометеоролошките услови кај нас да бидат значително неповолни и сето ова придонесува граѓаните да имаат многу мачнини, вели метеорологот Славчо Попоски, додавајќи дека поради ваквата ситуација кај поголемиот број од граѓаните ќе се јави мачнина како и поспаност, можна е појава на главоболка како и повремена нервоза, но и тежина на телото и главата.
Температурите во моментов се повисоки од нормалните дури и за околу десет степени, а во текот на следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, исто така и понатаму од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок а поради понатамошната висока влажност во воздухот времето ќе биде доста спарно и мачно, односно температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Ноќва, особено кон утринските часови, како и утре, ќе има повремен локален дожд а има услови и за ретка појава на грмежи, услови за снег ќе има само на највисоките планински места.
Ваквата ситуација ќе услови и понатаму нивоата на реките и на езерата да се зголемуваат и тоа поради брзото топење на снежната покривка.
Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер а ќе има и повремени врнежи на повеќе места, врнежите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, снежната граница ќе се наоѓа на надморска височина од 1200, 1300 метри, иако истата има услови да се спушти и околу па и под 1000 метри и тоа особено во среда кон крајот на денот и вечерта, вели Попоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово