Македонија
4. July 2017 - 13:43

Нова веб страница на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите ја стави во функција новата веб страница http://manu.edu.mk со подобри перформанси и со голем број информациии за планираните активности и содржини во сферата на научноистражувачката работа - научни проекти, нови изданија, научни расправи, промоции и предавања, како и за тековните и идните настани, за нашата меѓународна активност, соопштија од МАНУ.

Од Академијата информираат и дека директни контакти со раководството на МАНУ - претседателот Таки Фити, потпретседателите Луан Старова и Владо Матевски, како и научниот секретар Леонид Грчев може да се остварат на телефоните  32 35 400 - централа на МАНУ и 32 35 600 секретар на Претседателот на МАНУ.