Спорт плус
18. September 2017 - 23:52

Нова улична трка во Скопје во органзиација на Виз Ер Скопски маратон

Трчањето, посебно она рекреативното, зема се поголем замав меѓу граѓаните на Скопје и на Република Македонија, со што се создава потреба за организирање на нови улични трки кои ќе бидат организирани на високо ниво според сите меѓународни стандарди. Нам токму тоа ни е целта да понудиме квалитетна организација со оглед на нашето искуство во организацијата на многу други слични манифестации, како „Виз Ер Скопски маратон“ и „Женската трка“. 
За таа цел на 8.октомври 2017 година (недела) ќе се одржи трка „Skopje Run 10K“ со старт во 9 часот. Ќе се трча по улицата „Илиндеска“, а стартот и целта ќе бидат на истото место (спроти фонтаната Лотус).
На програмата се две трки: на 10 километри и штафетна трка 2 х 5 км. Секој што ќе ја заврши трката ќе добие медал, а предвидени се и парични награди и награди по возрасни категории.