Бизнис
17. July 2019 - 16:26

Нова тужба од Хеленик Петролеум - се бараат 40 милиони долари отштета за мазутот од ОКТА

Владата наскоро ќе даде одговор на јавноста во врска со новата тужба од Хеленик Петролеум за земјава.

Грчката нафтена компнија поднесе тужба до Арбитражниот суд во Париз со барање на исплата на оштета од 31 милиони долари плус камата. Или вкупен износ од над 40 милиони. 

Тужбата е поднесена затоа што земјава не го почитувала купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА од 1999 година со кој државата беше обврзана да купува по 500.000 тони мазут годишно во период од 20 години.

Од 2008 до 2011 година овие количини не биле купувани, па сега Грците ја тужат државава.

Ова втора тужба од грчки Хеленик петролеум за Македонија пред арбтражата во Париз. Претходно земјава веќе плати 40 милиони долари. Рафинеријата од 2011 не е производител туку трговец со нафтени деривати, а важноста на договорот истече во јуни годинава.