Македонија
19. December 2019 - 16:44

Нова трета верзија и трет обид за носење на Закон за јавно обвинителство

Министерството за правда потврди дека подготвува нов Закон за обвинителство што наскоро ќе биде поднесен и во парламентот. Тоа е трет обид на министерството да донесе нов Закон во обвинителската сфера со кој ќе се реши и статусот на досегашното специјално обвинителство, а прв откако пропаднаа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци.

Иако од Министерството за правда велат дека се надеваат на 2/3 мнозинство во Собранието за да биде донесен Законот, консултации со опозицијата засега нема:

„Точно е дека се подготвува нов Закон за обвинителство за кој во моментот се врши консултации со коалициските партнери. По затворањето на текстот, ќе информираме за следните чекори“,велат од министерството.Се решиле да подготвуваат зкаонско решение поради најавите од Брисел дека овој закон во следниот период ќе се смета за клучен за евроинтеграциите.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е очаен обид на власта пред избори.

За власта пак, законот е услов за добивање на датум за преговори, па мора да се донесе.

Бидејќи се работи за владин предлог, тој смета дека е обезбедена и поддршката од ДУИ иако во последно време нарушени се односите во владината коалиција.

Од дуи пак, бирифираат дека малите се шансите ваков закон да биде донесен пред избори.

 Како што потврдуваат од министерството за правда со законското решение се предвидува надлежностите на СЈО да ги преземе обвинителството за организиран криминал што сега го води Вилма Рускоска. Ова обвинителство ќе биде надлежно и за гонење на висок профил на корупција, а ќе добие и мека автономија, особено во буџетирањето.

 Во законот се предвидува и обвинителите од СЈО да продолжат да постапуваат по предметите што ги работеле. Освен судските предмети, се презмеаат и истрагите и предистражните постапки. Бомбите пак, ќе ги чува државното обвинителство. Ќе бидат уништени три години откако ќе завршат судските постпаки во кои биле користени.