Џет-Сет
16. January 2016 - 11:26

Нова трагедија во семејството: Откако и почина сопругот Селин Дион дозна дека...

Сопругот на пејачката Селин Дион, Рене Анжели, почина во вторникот по долга битка со рак на грлото.

Но нејзиното семејство е погодено од уште една голема трагедија.

Братот на Селин, Даниел, кој има 59 години, боледува од рак на грлото, јазикот и мозокот.

Тој моментално е во болница, а пејачката е постојано до него.

selin-dion-i-bratot

Сестрата на Селин, Клодет, вели дека Даниел има уште неколку денови или часови живот.

-Многу е болно. Се работи за денови или часови. Исто како и Рене, и тој имаше рак на грлото, јазикот и мозокот, семејството знае што не очекува, вели Клодет.

Погребот на Рене Анжели ќе се одржи во истата црква каде што се венчаа со Селин Дион.