Свет
9. January 2017 - 21:15

Нова трагедија во руската дипломатија: Конзулот во Атина пронајден мртов

Амбасадата на Русија во Грција соопшти дека нивниот конзул во оваа земја Андреј Меланин починал во својот стан во центарот на Атина.

Како што се наведува, конзулот не се појавил утрово на работа и не одговарал на повиците, пренесува весникот „Прото тема“.

Полицијата во придружба на негови колеги дошла во станот и ја искршила вратата која била заклучена од внатре.

Моментално се води истрага за причината за смртта на конзулот. Според прелиминарните информации од полицијата, конзулот починал од природна смрт.

Меланин имал 55 години.