Живот
5. May 2018 - 14:13

Нова трагедија во фудбалскиот свет - згасна уште еден млад живот

Јужноафриканскиот фудбалер Лујанда Нтшангасе (21) почина два месеци откако го удри гром, објави неговиот клуб Марикбург Јунајтед.

Младиот фудбалер беше во кома од 1. март, кога на терен го удри гром за време на пријателски натпревар.

Клубот изрази големо жалење и во соопштението порача дека остана без еден од најталентираните фудбалери.

Марикбург Јунајтед остана без тројца играчи во само две години, бидејќи во сообраќајна несреќа загинаа Мондили Целе и Мондили Дламини.