Свет
7. December 2016 - 13:11

Нова трагедија по онаа со фудбалерите: Загинаа спортисти, автобусот излетал од пат

Во сообраќајна несреќа во централна Русија животот го загубија десетмина руски гимнастичари и двајца тренери.

Автобусот кој ги возел гимнастичарите излетал од патот на 30 километри од градот Ханти-Мансијск и голем дел од патниците во него загинаа или се со тешки повреди.

Во автобусот биле 31 гимнастичар и тројца тренери. 19 патници се хоспитализирани, а 12 од нив се на интензивна нега.

Полицијата утврдила дека автобусот не се движел нормално и возачите се под истрага. Намалената видливост и снегот исто така се причина за несреќата.