Бизарно но вистинито
14. јуни 2016 - 20:41

Нова трагедија на терените: Почина голем талент

Англискиот рагби клуб Хадерсфилд соопшти тажна вест - 17 годишниот Ронан Костељо подлегнал на провредите и починал денеска

Овој млад рагбист на англискиот тим во саботата на утакмицата против Салфорд Ред Девилс доби тежок удар во главата поради што беше префрлен во болница Лидс. За заж неговата здравствена состојба се искомплицирала и 72 часа покасно, Костељо им подлегнал на повредите.

Навивачите на Хадерсфилд дадоа голема поддршка на семејството на починатиот, а друштвените мрежи се преплавени од шок и неверување поради прераната смрт на младиот рагбист.