Македонија
28. December 2017 - 10:39

Нова трагедија ја потресе Македонија - загина едно лице

Во несреќа со запрежна кола натоварена со дрва животот го изгуби 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град.

Како што информираат од СВР Штип, случајот во ПС во Делчево бил пријавен во 20.15, а телото на починатиот било пронајдено под запрежната кола натоварена со дрва од страна на жители од селото во месноста Момин Дол во атарот на селото Град.

- Надлежни екипи извршија увид на местото на несреќата, а доктор од Итната медицинска помош од Делчево извршил преглед на телото на починатиот и установил политрауми, односно повреди на главата, кичмата, градниот кош, внтарешно и надворешно крвавење. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, рече Панајотова.