Македонија
21. July 2016 - 13:43

Нова трагедија ја потресе Македонија: Пешак почина на лице место

Во периодот од 02 часот и 30 минути до 05 часот на регионалниот пат Кавадарци - село Возарци, се случила сообраќајна незгода во која пешак починал на лице место.

Според податоците од полицијата, се работи за 26-годишниот Х.А  кој управувајќи возило „Ауди А3“  со кавадаречки  регистарски ознаки,  удрил во 56-годишниот пешак  Г.К. од Кавадарци,  кој починал на местотот на настанот.

Увид  на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.