Бизнис
18. July 2019 - 16:38

Нова странска инвестиција во Бунарџик, директорот на ТИРЗ откри и кој ќе работи во фабриката

Нова турска инвестиција во зоната во Скопје. Балканлар пластик почнува со градба на својата фабрика во Бунарџик. Инвестиција од 7,5 до 10 милиони евра.  Во фабриката ќе се произведуваат  пластични производи.  Првично ќе  бидат вработени 80 лица, а планот е борјот на новоотворени работни места да биде над 300. 

Според Анѓушев бројот на турски инвестиции во земјава расте.  Лани вкупо изнесувале 36,2 милиони евра, а годинава само во првиот квартал се 16, 3 милиони евра. Надлежните очекуваат во 2019 значително да биде надмината ланската бројка.

Според премиерот Заев странските инвестиции кај кој е регистриоран значителен пораст ќе помогнат  за зголемувањето на БДП, за раст на целокупната економија но и на животниот стандард на граѓаните.

Турската компанија одлучила да инвестира во земјава затоа што за краток рок им било овозможено да ги направат првите подготовки за старт на инвестицијата.