Македонија
15. October 2019 - 16:48

Нова средба на македонско-бугарската комисија во Охрид

Нов обид за компромис помеѓу македонските и бугарските историчари .Членовите на комисијата продолжуваат онаму каде што застанаа минатиот месец во Софија тие во Охрид  тие

очекуваат конструктивна средба меѓутоа напредокот како што велат зависи од двете страни .

Еминентните професори од земјава повикаа на разумност и толеранција според нив Гоце Делчев треба да се третира како заедничка историска личност.

Негирањето на македонскиот јазик, нација и историја  се максималистички барања за што  македонските интелектуалци  испратиле  петиција до Бугарија за намалување на истите.

Деканот на филозофсkиот факултет Дуев вели дека политиката не треба да се меша во науката .

Доколку земјава не добие датум за почеток на преговори со ЕУ се очекува заострена реторика и предвремени избори.

По усвоената Декларација на бугарскиот Парламент за условената поддршка на датумот за преговори за членство во ЕУ на Македонија македонските организации во Бугарија реагираат Бугарија да запре да ги користи политичките инструменти за да ја искривува научната вистина, да се обидува да ја пренапише историјата и да им го менува идентитетот на луѓето, дури до степен да негира меѓународно признат и изучуван низ светот јазик  и бараат од европскиот сојуз на Бугарија да не ѝ дозволуваат да ја срамоти ЕУ со апсурдните услови што ги поставува.