Македонија
23. December 2015 - 16:34

Нова сообраќајница ќе никне на потегот од Цементара до последна 24-ка

Нова сообраќајница ќе никне на потегот од Цементара до последна 24-ка.

Во должина од еден и пол километар ќе се изградат четири коловозни ленти, тротоари, а крајната точка ќе се круниса со кружен тек.

Станува збор за проект со кој целосно ќе се заокружи проширувањето на булеварот Србија.

Со проектот се предвидува модерна сообраќајница која ќе ги поврзе Аеродром и Кисела Вода и на жителите од овој дел на градот ќе им го олесни патувањето.

Реализацијата на проектот има рок од 20 месеци а средствата се целосно набавени од буџетот на градот и достигнуваат 98 милиони денари.