Нова сообраќајна сигнализација на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
Во тек е поставување нова хоризонтална и вертикална сигнализација долж магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, до граничниот премин Деве Баир, информираат од секцијата на Јавното претпријатие за државни патишта од Крива Паланка.
Се поставуваат патокази, сообраќајни знаци и столпчиња-насочници.
- Ова е зафат кој се прави по подолг временски период, во кој освен интервентно на одредени локации не беше обновена патната сигнализација. Таа се поставува на делниците од Куманово до Крива Паланка и од село Узем до граничниот премин Деве Баир, со вкупна должина од 74 километри, изјави Игор Тодоровски, раководител на секцијата на ЈП ДП, Крива Паланка.
На делот од овој патен правец, на потегот од мотелот „Македонија“ т.е. излезот од градот до село Узем, како што нагласи Тодоровски, планирана е реконстукција.
- Патот во овој дел е во лоша состојба, за што ЈП ДП изготвува проект за обнова. Ние сме задолжени за одржување на делницата од село Ругинци до Деве Баир. Поради конфигурацијата на теренот често се јавуваат поситни и поголеми одрони, особено во овој период, рана пролет или во доцна есен, но нашите екипи навремено ги расчистуваат, додаде Тодоровски.
Секцијата од Крива Паланка, како што рече, до 31 март е во прв степен подготвеност, која во зависност од временските услови може да биде продолжена, согласно препораките од ЈП ДП.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина