-->
-->
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-->
Автомобил со двајца патници синоќа околу 22 часот паднал во реката Лепенец, кај месноста Кула со Чешма во близина на Качаник, на истото место каде што пред неколку недели загинаа двајцата косовски полицајци, Маљсор Гаши и Арменд Трена, но овој пат без трагични последици, јави дописникот на МИА од Приштина.
Возачот Газменд Брава (35) и совозачот Џемил Љоку (29), двајцата од Генерал Јанковиќ, успеале да се излезат од возилото „Голф 2“. Тие оделе од Генерал Јанковиќ за Качаник, по алтернативниот пат покрај Лепенец, кога, веројатно поради обемните врнежи, се лизнале во надојдената река, на истото место каде што падна полициското возило со Гаши и Трена ноќта на 28 април.
На местото на настанот веднаш излегле неколкумина локални жители кои помогнале во извлекувањето на возилото од водите на Лепенец.
- Обемниот дожд и надојдената река поплавија и дел од механизацијата на „Бхтел Енка“, која ги изведува работите на автопатот „Арбен Џафери“, изјави за порталот „Индексонлине“ еден од спасителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање