Македонија
9. August 2019 - 9:44

Нова снимка за „Рекет“ - Јанева му вели на Камчев: Не се секирај, се ќе биде ок

Нова утринска снимка осамна на профилот Ларис Гајсер поврзана со случајот „Рекет“.

Гајсер ја продолжува низата снимки како што најави, а јавноста во оваа втора аудио-видео снимка го слуша муабетот помеѓу Боки 13 и Камчев, но во една прилика се слуша јасно и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева која додека Бојан Јовановски договара со Камчев кога да отиде кај него, му дофрла на бизнисменот Орце дека се ќе биде во ред за ништо да не се секирал.