-->
-->
Нова снежна покривка во Пијанечко-малешевскиот регион
-->
Жителите на Пијанечко-малешевскиот регион од утрово се под нова снежна покривка. Најмногу снег наврна во Пехчево чија снежна покривка на места достигнува до 10 см, додека најмалку во Делчево каде снежната покривка изнесува најмногу пет сантиметри. Снег има и во Берово, таму снежната покривка се движи во висина од околу седум сантиметри.
На повиоските места снег изразито е забележан на планините Голак, Кадиица и Малешевските планини. Снегот не предизвика поголеми проблеми на патиштата, што е потврдено и од информациите на дежурните служби на Македонија пат од каде велат дека патните правци Делчево-Берово и Делчево-Граничен премин се проодни, но апелираат на внимателно возење на патниот правец Делчево-Кочани каде е можна појава на одрони.
Возачи од утрово велат дека поради снегот забележани се наноси кај превојот Крива Круша кај Пехчево
Поради снежните временски услови дел од спортските активности на отворено се откажани, додека засега нема најава за откажување на планинарскиот марш кој по повод 75 годишнината од Февруарскиот поход утре ќе се реализира на планината Голак кај Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање