Македонија
23. September 2016 - 9:09

Нова сезона на Францускиот кино-клуб

Со проекција на филмот „Човекот што сите го сакаа“, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне новата сезона на Францускиот кино-клуб, соопшти Францускиот институт во Скопје.

Станува збор за филм на режисерот Андре Тешине снимен 2014 година според вистинска случка, во кој главните улоги ги толкуваат француската дива Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел.

Тв1 Њуз за филмот ќе напише дека е „возбудлив од почеток до крај, не само по содржина, туку и по маестралната актерска игра“, а познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“, пак, дека е „таинствено прекрасен“.

Филмот е со превод на македонски јазик, а проекцијата е во терминот од 20 часот.