Македонија
15. July 2017 - 9:07

Нова серија земјотреси предизвика страв и паника во охридско-преспанскиот регион

Нешто пред полноќ, беше регистрират третиот земјотрес од серијата земјотреси кои вчера го тресеа охридско-преспанскиот регион. Точно во 23:39 часот синоќа имаше земјотрес со епицентар на 5 километри од селото Јанкоец и на 7 километри од Ресен со јачина од 3.1 степени по Рихтер.

Првиот од 3.2 степени по рихтеровата скала се случи во 18:58 часот со епицентар на 8 километри од охридското село Косел, а вториот од истот така 3.2 степени на 7 километри од истото село.