Македонија
28. July 2021 - 17:14

Нова помош за туристичкиот сектор со Ребалансот на буџетот

Идната недела се очекува туристичкиот сектор да ја добие потрбената финансиска поддршка, по усвојувањето на ребалансот на буџетот, уверува министерот Бектеши. Хотелиерите ја оценија оваа летна сезона како најлоша до сега и очекуваат државата финансиски да ги помогне. Бектеши  вели дека следната недела ќе бидат поделени и останатите  туристички ваучери. Сепак оваа мерка од секторот не очекуваа многу да им помогне, затоа што штетите од пандмеијата се многу големи

Бектеши тврди дека не се доцнело со подготовките околу новата летна сезона.

Хотелиерите се пожалија дека годинава туристи речиси и да нема. Странските  гости се преполовени, а домашните  со отворање на границите заминаа надвор, за разлика од лани кога летуваа во туристичките места низ земјава.  За хотелиерите нова надеж е есента,  но стравуваат дека може да дојде до појава на нов бран  кој може повторно целоснод а го затвори секторот.