-->
-->
Нова пол-позиција за Маркез
-->
Шпанецот Марк Маркез на задоволство на домашната публика, од пол-позицијата ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Каталуња во Мото ГП шампионатот.
До својата трета овосезонска пол-позиција возачот на Репсол Хонда стигна во денешните квалификации возејќи во време од 1.43:589.минути.
Веднаш зад него, но во истиот стартен ред, трката ќе ја започне неговиот сонародник и актуелен шампион Хорхе Лоренци, кој оствари резултат 1.44:056 минути
додека трето време во квалификациите имаше Педроса (1.44,307.минути)
Доминацијата на Шпанците на денешните квалификации го продолжи Дани Педроса клупскиот колега на Маркез, кој го комплетираше првиот стартен ред, додека Валентино Роси во последниот свој обиде се избори за доста подобро време кое го однесе до петтото стартно место, зад возачот на Дукати, Хектор Барбера кој ќе започне како четврти.
Седмата трка од Мото ГП шампионатот, за Големата награда на Каталуња ќе се вози утре со почеток од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи