Ф1
25. July 2015 - 17:06

Нова пол-позиција за Хамилтон, кој атакува на пета победа на Хунгароринг

Луис Хамилтон ја продолжува доминацијата во Формула . Возачот на Мерцедес, ќе ја има пол-позицијата на утрешната трката за Големата награда на Унгарија.
 
Британецот денеска беше најбрз на квалификациите со време од 1:22,020, оставајќи го зад себе клупскиот колега Нико Розберг и Себастијан Фетел на Ферари. 
 
За Хамилтон ова е деветтата пол позиција од десет трки оваа година, со што останува водечкиот фаворит и за триумф на утрешната трка која ќе се вози од 15 часот, кој пак на Хунгароринг досега има остварено четири победи.
 
Од вториот ред, покрај Фетел, ќе стартува и Даниеле Рикардо од Ред Бул, додека од третиот утрешната трка ќе ја започнат Кими Раинконен од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс.