Loading Video...
Кошарка
27. July 2019 - 17:04

Нова победа на македонските јуниорите на ЕП во Романија

Откако вчера убедливо ја совладаа селекција на Ирска 74-60, попладнево македонските јуниори забележаа победа и над Украина. 

Во меч од второто коло на ЕП за играчи до 18 години што се одржува во Ородеа, Романија, избраниците на селекторот Тони Симиќ беа подобри од Украинците со 73-71

Андреј Јакимовски со дабл-дабл учинок со 21 поени и 11 скокови односво беше лидер во нашиот тим кој утре (17:30 часот), за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Грузија. 

На меѓународниот турнир што се одржува во големата сала на СЦ Кале во Скопје, кадетската селекција (до 16 години) која се подготвува за елитната А дивизија на шампионатот во Италија, синоќа доживеа несреќен пораз од врсниците од Израел. 

Во докрај неизвесен натпревар избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ загубија од Израел со 66-65. Токму Израелците ќе бидат и едни од противниците на нашите кадети на Евробаскетот во Италија. 

Вечерва (од 19 часот) жолто-црвените играат против Чешка, а утре од 10:30 часот е последниот меч на турнирот против Полска.