Кошарка
23. јуни 2016 - 0:24

Нова победа на македонските „Глоб-тротери'' на турнејата во Кина

 
Премиерна победа на македонскиот кошаркарски комбиниран тим на турнирот во Жошоу Кина. Во 2 коло од овој турнир црвено-жолтите го победија колеџ тимот на Ајдахо од САД со 85-79 (24-21,18-10,20-23,23-25).
 
Во редовите на нашиот комбиниран тим најефикасни се Тимс со 25 и Ратко Варда со 21 постигнат поен и 6 скока.
 
Солиден натпревар одиграл и нашиот највисок кошаркар , 226 сантиметри високиот Марко Дујковиќ дуелот со САД во кои одиграл 30 минути го завршил со дабл дабл ефект од 11 поени и 10 скока.
 
Во листата на стрелци се запишале и Мекиќ 9 п. (26мин), Њубери 11п (30м), Вудс 8 п(38м).
 
Без минутажа на денешниот натпревар беа младите Паиќ, Стајиќ и Сапунџиев, а поради повреда на клупата останаа Младеновски и Хауард, кои имаат проблеми со тетивата односно коленото.