Loading Video...
Ракомет
13. January 2019 - 15:28

Нова победа на Македонија на СП

Втора победа на македонските ракометари на Светското првенство што се одржува во Германија и Данска. 
 
Во дуел од 2.коло на Б групата чии средби се играат во Минхен, Македонија го победи Бахреин со 23-:23 полувреме 12:8.
 
Иако навидум победата беше убедлива и лесна, сепак не беше така, па по нашето водство од 6:2, ракометарите на Бахреин со серија од 5:0, поведоа со 7:6. Но црвено-жолтите одново ја презедоа играта во свои раце и на полувремето заминаа со +4 (12:8). 
 
Во вториот дел избраниците на Раул Гонзалез рутинирано го одржуваа резултатот и на крајот заслужено се радуваа на победа со 28:23. 
 
Најефикасен во нашата селекција беше капитенот Кирил Лазаров со 8, додека Дејам Манасков и Филип Кузмановски постигна по 4, а Филип Талевски и Мартин Поповски придодадоа по три гола.
 
Веќе утре Македонија ќе го има првиот посериозен предизвик и тоа во дуелот против Хрватска која попладнево од 16:30 часот ќе игра против Јапонија.