Кошарка
18. October 2017 - 21:30

Нова победа на Блокотехна во БИБЛ лигата

 
 
 Кошаркарите на Блокотехна ја остварија и втората победа во дебитантската сезона на регионалната Балканска лига (БИБЛ).  
 
Гевгелиската екипа попладнево пред својата публика го совлада косовскиот тим Башкими со 93:71еп по четвртини 24-13, 25-22, 24-21 и 20-15.
 
Најефикасен во екипата на Блокотехна беше Данило Мијатовиќ кој средбата ја заврши со 27 поени, додека Двејн Бенџамин постигна седум помалку (20). 
 
И следниот меч (25 октомври) кумановци ќе го играат пред својата публика, кога ќе го пречекаат бугарскиот тим Академик Бултекс од Пловдив, кој денеска ја победи екипата на Тирана со 75-62. 
 
Потсетување дека вчера и Куманово стигна до првата победа совладувајќи го црногорскиот тим Ибар со 96-92. 
 
Во следното, 3.коло, македонските преставници ќе играат против бугарските. 
 
На 24 октомври (вторник) Блокотехна ќе гостува во Софија кај Левски, додека ден подоцна (25 октомври, среда) Куманово пред своите симпатизери го пречекува составот на Академик Бултекс.