Фудбал
18. March 2018 - 18:37
Нова победа на Барса во Ла Лига
Екипата на Барселона е се поблиску до освојување на шампионскиот трофеј во Примера.
Во меч од 29.коло одигран на Камп Ноу, Барселона со 2-0 го совлада Атлетик Билбао.
Барселона поведе со голот на Пако Алкасер уште во 8-та минута, а веќе во 30.тата Лионел Меси зголеми на 2-0.
Со новите бодови и вкупно 75 Барселона сега има 9 бодови повеќе од второ пласираниот Атлетико Мадрид кој гостува кај Виљареал, додека Реал Мадрид го пречекува аутсајдерот Џирона.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->