Нова опрема и вработувања во Прилепската болница
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска беа во посета на Општата болница во Прилеп, која е во фаза на реконструкција вредна 70 милиони денари.
- Болницата во Прилеп беше една од најзапуштените во Македонија затоа што од 1980 кога е пуштена во употреба досега не беше направена никаква реконструкција. Затоа беше прилично руинирана запуштена и минатата година направивме план во Владата и најдовме начин како да се дојде до средства за да може да почне реконструкцијата. Во меѓувреме и помогнавме на болницата да и се деблокира сметката која беше блокирана и веќе реконструкцијата е во една длабока фаза, изјави Груевски.
Тој додаде дека станува збор за темелна реконструкција со која комплетно се менува инвентарот, плочките, тоалетите, креветите и другата здравствена опрема.
Нагласи дека реконструкцијата ќе тече дел по дел затоа што болницата истовремено мора да работи и да обезбедува здравствена грижа на жителите од Прилеп и прилепско. Добро е, нагласи, што во болницата се донесе доста нова опрема.
Како што истакна министерот Тодоров, парите за реконструкцијата се обезбедени преку заштедите направени од набавката на инсулин, а се очекува целосната реконструкција да заврши до крајот на годинава.
Во моментов, додаде, се реконструираат две одделенија, паралелно со реконструкцијата е набавена и целосно нова опрема, а во функција е ставен и новиот мамограф.
Директорот на болницата Петар Ристески информира дека моментно имаат 18 доктори кои се пратени на специјализација од кои тројца во Белград. Во септември се планира по пат на кофинансирање да се испратат уште шест лекари на специјализација. Со новите предвидени 350 вработувања во здравството само во Прилеп треба да се вработат уште шест лекари и повеќе медицински сестри.
Тој истакна дека во последните 25 години во Прилеп немало воопшто пратено луѓе на специјализација, а министерот Тодоров нагласи дека таков проблем имало насекаде во Македонија бидејќи до пред десетина година воопшто не се вложувало во здравстовото.
Огласот за 350 вработувања на здравствени работници во Македонија, како што најави министерот Тодоров, ќе биде објавен до крајот на месецов. Според Тодоров, од кога станал министер за здравство во здравствениот сектор се вработени нови 4 илајди лица и сеуште има потреба од нови вработувања.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово