Нова опција на Фејсбук која вашиот роденден ќе го направи неподнослив | Сител Телевизија
Интернет
25. February 2016 - 13:47

Нова опција на Фејсбук која вашиот роденден ќе го направи неподнослив

Фејсбук повторно подготвува изненадување со кое на своите корисници ќе им дозволи на некој да му честитаат роденден преку видео, а не само со порака.
 
Друштвената мрежа ја претстави „камерата за роденден“ која на корисниците им овозможува да снимаат видео од 15 секунди, во кое ќе можат да им посакаат среќен роденден. Ова видео ќе можете да го објавите на нивната страна.
Сервисот засега е достапен само за iOS уредите, а наскоро оваа можност ќе ја добијат и Android корисниците.
 
Доколку некој ваш пријател има роденден, можете да ја пробате новата апликација.