Македонија
18. May 2018 - 17:02

Нова нехируршка метода на Клиниката за гастроентерохепатологија

На осум пациенти им се отстранети полипи и тумори на дебелото црево и желудникот со нова нехируршка метода.  Интервенциите се направени со помош на професор од Германија кој со себе ја донел и неопходната апаратура бидејќи кај нас ја нема.

- Станува збор за „воден нож“ кој во текот на процедурата оди во млаз вода што овозможува полесно да се видат крвните садови, каде има крварење и ако има крварење, а има многу ситни крвни садови кои кога ќе се исечат ќе се појави крварење и ќе се интервенира тоа да престане, изјави проф. д-р  Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроенерохепатологија.

Неопходниот апарат за овие интервенции чини околу 35.000 евра, а таканаречениот Воден нож има дополнителна цена, а од Клиниката се надеваат дека ќе им биде дониран со што ќе може на ваков начин да третираат и други пациенти.