Македонија
22. September 2022 - 16:34

Нова надеж за Клиничката болница во Штип

По 7 години откако беше уред камен темелникот, кончено ќе продолжи изградата на клиничкиот центар во Штип.

Грчката компанија изведувач и македонската „Бетон“ - Штип вчера постгнаа вонсудско решение на повеќегодишниот спор кој беше пречка Источниот регион да добие нова и најмодерна Клиничка болница која требаше да биде готова уште во 2019-та.

Грчката компанија „Интракат“ ќе го подмири долгот вреден 2,6 милиони евра со испаќање на доспеаните фактури и обврски кон „Бетон“ - Штип, а македонската компанија ќе се откаже од каматите кои достигнуваат над 500 000 евра.

Првиот чекор е направен, а градоначалникот на Штип ги повика ресорното министерство и Владата да одобрат финансиски средства за понатамошна градба.

Со потрошени 11,3 милиони евра досега не е изградена ниту една третина од Клиничката болница во Штип која треба да обезбеди здравствени услуги за над 200 000 граѓани од целиот источен регион. Новиот рок за завршување со градежните активности е јуни 2023-та година.