Бизнис
15. April 2019 - 16:27

Нова методологија за пресметка на цената на нафтата од идниот месец

Компаниите кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати бараат државата да им дозволи двојно повисока заработувачка. Наместо да добиваат 3, 2 денари како до сега,  за секој продаден литар маржата од следниот месец да изнесува над 6 денари. Првиот човек на регулаторна Бислимовски вели дека се во преговори со трговиците. Овен за маржата се разгледува како во идина ќе се пресметува цената на горивата, затоа што старата методологија истекува на 8 мај.  Но уверува дека со новата пресметка  нема да има некој поголеми ценовни шокови кај бензните и дизелот.

Со новата методолгија која треба да стапи на сила од следниот месец во цената на горивата  ќе се пресметуваат повисоки  трошоците за обезбедување на поголеми количини нафтени деривати, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за СКЛАДИРАЊЕ на нафтените резерви. Токму за ова забелешки имаше и од европската енерегетска заедница.

Од регулаторна велат  дека новата методолгија навреме ќе биде готова. Односно  ќе се донесе до крајот на овој месец или најдоцна до почетокто на мај.

Трговиците со нафта и нафтени деривати засега без коментар се додека не ја видат новиот начин за пресметка на цените.