Македонија
20. February 2017 - 16:53

Нова метода за прв пат во Македонија за третман на тешко болни од карцином на бели дробови

Со помош на овој апарат пациентите со рак на белите дробови полесно ќе можат  да дишат. За прв во државата нова метода за отворање на дишните патишта кај тешко болни е воведена на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.  

Тимот кој ќе ја работи новата метода бил на обука во Словенија.

Вредноста на опремата  е околу 1,5 милиони денари.

На новиот апарат на Институтот за ТБЦ за почеток месечно ќе бидат третирани 2 до 3 пациенти со карцином на белите дробови во напредна фаза.