Бизнис
26. November 2019 - 11:27

Нова мерка за финансиска помош на жени земјоделки

Жените земјоделки од денеска може да аплицираат за 3.000 евра неповратни средства.

Мерката е наменета за сите жени кои се носители на земјоделски стопанства и се регистрирани во регистарот на земјоделски стопанства.

Огласот ќе трае до 26.12.2019, а парите може да ги користат за купување опрема за преработка, пакување, мерење квалитет на производите, за преработка и создабање производи со поголема додадена вредност.

Мирјана Јовеска