Македонија
29. August 2015 - 19:58

Нова компанија од автомобилската индустрија од Америка ќе инвестира во Македонија

Американска компанија за производство на автомобилски делови ќе инвестира во индустриската зона во Струмица. Компанијата донела интерна одлука за инвестиција, а преговорите со Владата се во финална фаза информираше денеска премиерот Груевски. Компанијата ќе инвестира  20 милиони евра и се очекува да вработи околу 1500 лица.

Влезот на странските инвестиции во земјава како и успешната работа на домашните компании го зголемија извозот. Компаниите лани споредено со 2006 извезувале скоро двојно повеќе, а годинава се очекува извозот да се дуплира.

За преку 1,8 милијарда евра е зголемен извозот споредбено со 2006-2014 година, од кои 637 милиони отпаѓаат на зголемување на извозот на домашните инвеститори. Голем удел имаат странските инвеститори, меѓутоа сериозен е и уделот на домашните инвеститори затоа што во меѓувреме добија подобрена бизнис клима, добија пониски даноци, помала бирократија, добија Влада која излегува во пресрет на нивните барања, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на индустриската зона во општина Василево

Трендот на раст на извозот продолжува и во првите 6 месеци годинава. Извозот се зголемил за 11, 6 отсто. Само од зоните, има зголемување на извозот од 25 % споредено со лани.